Увезува и пакува: Аронија здрава храна ДООЕЛ, Бул. Кочо Рацин 14, Скопје, тел. 043 235 959, 078 211 557, регистриран оператор со храна со решение бр. 16-115/2 од 30.09.2011 год. Потекло на суровината: Јапонија. Состав: Магнезиум хлорид (нигари) MgCl₂ 6H₂O, содржи 10.2% магнезиум и 42.64% хлор. Употреба: 33 g магнезиум хлорид се раствора во 1 л дестилирана вода. Препорачана доза за дневно внесување: 33 ml од растворот, 1-3 пати на ден. Со една доза (33 ml) од растворот во организмот внесувате 113 mg магнезиум, што е околу 30% од препорачаниот дневен внес (ПДВ) за магнезиум за возрасен човек.Со 3 дози (3 пати по 33 ml) на ден во организмот внесувате 339 mg магнезиум, што е околу 100% од препорачаниот дневен внес (ПДВ) за магнезиум за возрасен човек. После отворањето производот да се чува во добро затворена амбалажа, без да биде во допир со воздух, на суво место. При употреба да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатоците во исхраната не се замена за разновидна и балансирана исхрана. Да се чува подалеку од дофат на деца. Не се препорачува за лица со заболени бубрези.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Добродојдовте во е-продавницата на BIOCOSMOS . Нашата компанија повеќе од 10 години е посветена на производство и трговија со природна и органска храна. Нашите производи можете да ги најдете во продажба во некои од поголемите маркети како Веро и Тинекс, Рамстор, ДМ дрогерии, Монтенегро, Рептил, Елида, во продавници за здрава храна како и во BIOCOSMOS продавниците низ Македонија.