Состав: 100% Органска црвена мака во прав, сурова. Латинско име: Lepidium meyenii. Потекло на суровината: Перу. Мака е корен сличен на репка која расне на високите Анди, и која локалното население ја користи како храна илјадници години. Црвената мака има црвена лушпа но белузлав внатрешен дел, па правот кој се добива со нејзино сушење и мелење е кремаст со блага розе нијанса. Начин на употреба: 1-3 мали лажички на ден, се раствора во вода или друг напиток по желба, може да се додаде во смуди или разни сурови десерти. Увезува и дистрибуира: Аронија здрава храна ДООЕЛ, бул. Кочо Рацин 14 Скопје, тел 043 235 959. Сертифициран органски производ. Сертифицирано од Балкан Биосерт Скопје, според МК занон за ОЗ и IACB стандард. Да се чува на суво и ладно место, во добро затворено пакување. Не содржи ГМО. Нутритивна вредност на 100г: Енергија 357 kcal/1467 KJ, јагленихидрати 61 г, од кои шеќери 25 г, масти 2,5 г, од кои заситени 1,8 г, протеини 11 г, натриум 0,098 г, влакна 5 г.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Добродојдовте во е-продавницата на BIOCOSMOS . Нашата компанија повеќе од 10 години е посветена на производство и трговија со природна и органска храна. Нашите производи можете да ги најдете во продажба во некои од поголемите маркети како Веро и Тинекс, Рамстор, ДМ дрогерии, Монтенегро, Рептил, Елида, во продавници за здрава храна како и во BIOCOSMOS продавниците низ Македонија.